Хаос во Судан: Извршен воен пуч, претседателот уапсен?
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2019/04/bashir.jpg)
Суданската војска го симна претседателот Омар Ал-Башир, го уапси и ја отпушти владата. Ројтерс наведува дека Башир поднел оставка и дека во тек се косултации.
Либанската телевизија „Мајадин“ соопшти, повикувајќи се на свои извори, дека оружените сили на Судан одлучиле да го симнат од власт претседателот Башир и да ја распуштат владата, пренесе „Спутник“.
Весникот „Хадат“ исто така, ја потврди информацијата за оставка на Башир. Ројтерс наведува дека Башир отстапил од функцијата и дека во тек се преговори за преодна влада.
Спутник интернешнал наведува дека еден министер потврди дека Башир ја препуштил функцијата на војската и дека во тек се преогори за формирање воен совет кој ќе ја преземе неговата должност.