Хаос на Твитер по воведувањето на „сината штикла“

Некои корисници од САД пријавија дека Твитер блу системот на претплата, не е повеќе достапен.


Бранот нови платени таканаречени „blue tick” или (сина штикла) профили кои лажно се претставуваат како влијателни поединци и брендови доведе до сеопшт хаос на Твитер. Тие лажни „проверени“ налози (сината штикла означува дека налогот е проверен) со имиња на политичари, славни сличности, големи организации и компании, почнаа да се појавуваат на оваа социјална мрежа во четвртокот.

Твитер досега суспендираше многу од нив, но обидите на компанијата да се позанимава со тој проблем, всушност само придонесоа кон веќе настаната конфузија.

Стручњаците претходно предупредија дека новата претплатничка услуга „Твитер блу“, која ја најави новиот шеф на Твитер Елон Маск и која на корисниците им овозможува плаќање 7,99 долари месечно за „сина штикла“, веднаш ја иаскористија лоши глумци и измамници и ја нарушија довербата на корисниците на таа социјална мрежа.

Проблемите почнаа веднаш со воведувањето на наплатата

Опсегот на проблемот со новите лажни налози со сина штикла е разоткриен по покренувањето на таа значка во средата.

Објавени се верзии на „проверени“ главни налози на разни брендови како Apple, Nintendo, BP и Chiquita. Лажните профили кои се претставуваат како личности од висок профил како шефот на „Мета“ Марк Закерберг, сегашниот и поранешниот американски претседател Џо Бајден, Доналд Трамп и Џорџ Буш, како и поранешниот британски премиер Тони Блер, исто така се отстранети.

Во еден случај, профил со име на републиканската кандидатка за гувернер на Аризона Кари Лејк, објави дека таа му попуштила на својот демократски противник, покрај фактот дека гласовите уште се бројат во тесна трка. На Твитер му беа потребни часови да ја отстрани таа објава и корисничкиот профил.

Лажен профил на Твитер, уште една компанија на Маск, се шегуваше со 11 септември, имитирајќи фо стилот на пишување на Елон Маск.

Но, една од највознемирувачките објави била на лажниот профил на американската фармацевтска компанија „Ели-Лили“, во која е напишано дека инсулинот сега е бесплатен. Компанијата морала да се огради од оваа објава.

Крајните десничари и теоретичари на заговор веднаш ја зграбија приликата

Системот за платена сина штикла, исто така, го искористија и теоретичарите на заговори и екстремно десничарски активисти. Би-Би-си пишува дека воочиле најмалку три собро познати налози на QAnon инфлуенсери, кои купиле сина штикла на Твитер.

Активистите на крајната десница, Џејсон Кеслер и Ричард Спенсер, кои го организираа собирот Unite the Right 2017 година во Шарлотсвил, двајцата купија сина штикла. Твитер претходно ја отстрани ознаката за потврда на профилот на Кеслер и Спенсер по насилниот протест пред пет години.

Стручњаците воочиле и разни профили со купени сини штикли кои користат фотографии на лажни особености, кои ги генерирала вештачка интелигенција. Ова е посебно подрачје кое загрижува, затоа што таквите неавтентични профили рутински ја користат операцијата за влијание, понекогаш од страна на странски држави со цел влијание врз политички случувања во други земји.

Залажувањето на луѓето не е во ред

Твитер суспендираше многу лажни профили со сина штикла, но истовремено повремено имаше проблеми со темата за појавување нови.

Нови, сиви „официјални“ ознаки, додадени се под ознаката на некои налози од висок профил, пред Маск речиси веднаш да ги укине. Но, во петокот на некои Твитер профили повторно почнаа да се појавѕваат нови официјални значки.

Некои корисници од САД пријавија дека Твитер блу системот на претплата, не е повеќе достапен.

Самиот Маск на почетокот рече дека имитирајќи профил на корисник од висок профил ќе мора да појаснат дека не биле автентични во нивните биографии на налогот. Подоцна изјави дека зборот „пародија“ исто така треба да биде вклучен во името на профилот, додавајќи дека залажувањето на луѓето не е во ред.

Нарушена доверба

Десега уште е нејасно како Маск и неговата новостекната платформа планираат долгорочно да го решат проблемот со лажни претставувања со сина штикла. Иако проблемот со проверени налози кои повремено го менуваат своето име на начини на коии би можеле да ги доведат другите корисници во заблуда и порано се појавуваа на платформата, таквите обиди беа исклучително ретки.

Стручњаците се загрижени дека штетата предизвикана од недостаток на доверба во системот за проверка на Твитер може да дојде до израз во текот на случувања како што се масовни пукотници, терористички напади или природна катастрофа; каде Твитер често го користат локални власти, полиција, итна служба и новинари за прецизни информации и совети.

Од Твитер засега не одговорија на бројните прашања на светските медиуми.