Хан: Од клучно значење е формирање на влада во БиХ
Еврокомесарот за соседска политика и проширување, Јоханес Хан ги повика политичките лидери на Босна и Херцеговина да формираат влади на ниво на државата и во Федерацијата БиХ, додавајќи дека тоа е од суштинско значење.
– Ова мора да се направи без какво било одлагање, бидејќи не можеме да препорачаме да одиме понатаму во насока кон членство во ЕУ ако нема соговорници од власта. Затоа, ги охрабруваме сите политичари сега да работат на формирање на влада, порача Хан, потсетувајќи дека изборите се одржаа во октомври минатата година.
На прес-конференцијата во Брисел, тој потврди дека Европската комисија го усвои мислењето за кандидатскиот статус на БиХ, а потоа одлука треба да донесе Советот на Европската унија.