Skip to content

04/04/2026

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
Независен Весник
  • Политика
  • Македонија
    • Скопје
  • Економија
  • Свет
    • Балкан
  • Колумни
  • Фељтон
  • Култура
  • Сцена
    • Лајфстајл
  • Спорт
  • Хроника
  • Занимливости
    • Технологија
Пребарај
Независен Весник
Пребарај
  • Политика
  • Македонија
    • Скопје
  • Економија
  • Свет
    • Балкан
  • Колумни
  • Фељтон
  • Култура
  • Сцена
    • Лајфстајл
  • Спорт
  • Хроника
  • Занимливости
    • Технологија

Хан на Твитер: Северна Македонија и Албанија испорачаа, на ред се земјите-членки

06/10/2019 19:16

Фото: Б. Грданоски

Северна Македонија и Албанија испорачаа, сега е крајно време земјите-членки да го испорачаат своето, објави еврокомесарот за проширување Јоханес Хан на неговиот налог на Твитер.

Хан всушност ова го нагласи како одговор на претходниот твит на лидерите на ЕУ, во кој тие даваат поддршка за почеток на преговорите со двете земји.

-Северна и Македонија испорачаа – сега е крајно време земјите-членки да го испорачаат своето!Благодарност до лидерите на ЕУ за нивниот цврст став за почеток на преговори со двете земји во октомври, им ретвитна Хан на европските лидери.

На социјалната мрежа Твитер, Хан потсети на пораката на лидерите на ЕУ упатена до земјите-членки, кои треба да ја донесат конечната одлука на 17 и 18 октомври.

Во писмо испратено на 3 октомври до земјите членки на ЕУ, сегашниот претседател на Европскиот совет Доналд Туск, на Европската комисија Жан-Клод Јункер, новоименуваната претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лејн и претседателот на Европскиот парламент Давид Сасол, бараат отворање на пристапните преговори за членство во ЕУ со Северна Македонија и со Албанија.

Тие потсетуваат дека земјите членки се заложија во јуни да се навратат на прашањето и да донесат суштинска одлука во октомври по ова прашање.

Европските лидери на Твитер објавија дека веруваат оти е време за отворање на преговороите со двете земји.


Поврзани содржини

Се зголемува животниот век на пациентите со три вида рак
04/04/2026 18:04
Филипче тврди дека разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се топи
04/04/2026 16:04
Приватен институт регистриран во кладилница
04/04/2026 15:04
ЛДП: Оставката на Ристоска е доказ дека системот ги исфрла професионалците
04/04/2026 09:04

И денес ќе биде облачно, можен е и дожд
04/04/2026 09:04
Понеделник е неработен за католиците, за православните доаѓаат четири дена одмор
03/04/2026 16:04
Клучна година за изградба на регионалните депонии
03/04/2026 16:04
Преку порталот uslugi.gov.mk најмногу се вадат изводи од матична книга
03/04/2026 16:04

Најчитани


  • Од понеделник променливо облачно и посвежо, пообилни врнежи во среда и четврток
    29/03/2026 12:37
  • Драматично предупредување од ЕУ: Подгответе се за најлошото, ова ќе биде долга криза
    03/04/2026 16:19
  • Дури 210.000 Македонци докажале дека имаат бугарско потекло, тврди Софија
    03/04/2026 14:43
  • Кај новиот „Лидл“ во Кавадарци ќе се гради кружен тек
    03/04/2026 12:40
  • Иран ја предупреди Бугарија
    01/04/2026 14:48
  • Куманово планира изградба на административна зграда кај Чоробенско ќоше
    31/03/2026 14:16

© Независен Весник  2019 -2026

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење