Хамилтон стана најстариот победник во 21 век


 Британскиот возач во Формула 1, Луис Хамилтон, собори голем број рекорди со вчерашната победата на Силверстоун.

По Британското Гран при, Луис Хамилтон стана најстариот победник на Формула 1 трка во 21 век (39 години и шест месеци), надминувајќи го достигнувањето на Кими Раиконен (39 години и 4 дена), поставено во 2018 година.

Пилотот на Мерцедес го собори и рекордот за интервал помеѓу првата и последната победа – 17 години и 27 дена. Луис победи за прв пат во својата дебитантска сезона, на Гран при на Канада во 2007 година. Досегашниот рекорд го држеше Раиконен (15 години, 6 месеци и 28 дена).

Хамилтон победи на трката во неговиот 344-ти старт во Ф1 – првпат некој да заврши на највисокото скалило на подиумот по 300 ГП.

Покрај тоа, седумкратниот светски шампион ги подобри рекордите во Ф1 за победи (104) и подиуми (199). Луис 12-ти пат по ред заврши во топ 3 на Силверстоун, а вкупно на оваа патека заработи девет победи и 15 места на подиумот – и тоа се рекорди.