Халанд: Кога не победувате, почнувате да се сомневате во сè


Фудбалерот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, се осврна на резултатската криза во која западна неговиот тим.

„Граѓаните“ синоќа одиграа нерешено 2:2 со Наполи во 5. коло од Лигата на шампионите.

– На крајот ни недостигаше еден гол. Сити се обиде да ги докрајчи, но не успеа. Не можевме да ја преземеме контролата врз играта и да нападнеме правилно. Фудбалот е едноставен и комплексен. Кога победувате, сè е лесно и точно знаете што да правите. Кога не победувате, почнувате да се сомневате во сè. Идеално, би било лесно едноставно да не размислувате за тоа, но во моменти како овие, е доста тешко, изјави Халанд на официјалната веб-страница на УЕФА.

Манчестер сити има 10 бода и е шести на табелата во Лигата на шампионите. Наполи е 27. со четири бода.