Хакирана е втората најголема криптоменувачница во светот. Украдени околу 1,4 милијарди долари


Хакирана е криптоменувачницата Bybit. Ова го потврди извршниот директор Бен Џоу во објава на социјалната мрежа X.

Coindesk пишува дека хакерите успеале да извлечат околу 1,4 милијарди долари криптовалута ethereum од резервите на Bybit.

Хакерскиот напад предизвика пад на цените на криптовалутите на пазарот, при што биткоинот падна на околу 97.000 долари, додека Ethereum забележа пад од речиси 4%, паѓајќи под 2.700 долари по парче.

Шефот на Bybit додаде дека неговата менувачница на  криптовалути е солвентна и дека, дури и ако украдените криптовалути не се вратат, сите средства на клиентот се безбедни.

Овој напад претставува значаен удар за Bybit, кој досега беше рангирана како втора најголема криптоменувачница според глобалниот обем на тргување.