Хакери се обиделе да ја затрујат водата за пиење во Флорида


Хакери упаднале во системот за снабдување со вода во градот Олдсмар во американската сојузна држава Флорида и се обиделе да ја затруат водата, соопшти локалната полиција.

Хакерите го зголемиле количеството на содијум-хидроксид, што се додава во водата во мали количини поради регулирање на киселоста, но е опасен над дозволеното ниво.

Хакерскиот напад бил на време откриен и количината на содијум-хидроксид што продрел во водата е мининална.

Американското Федерално истражно биро (ФБИ) о тајната служба ќе го истражат случајот.