Хачанов прв четвртфиналист на Вимблдон


Лондон – Рускиот тенисер Карен Качанов (АТП – 20) е првиот четвртфиналист на овогодинешниот Вимблдон, а пласманот меѓу осумте најдобри на третиот сезонски грен слем турнир го избори со триумф над Полјакот Камил Мајчржак (АТП – 109) со 6-4, 6-2, 6-3 за еден час и 47 минути игра.

За 29-годишниот Русин ова е второ четвртфинале на Вимблдон, а вкупно шесто на грен слем турнирите на кои негов најдобар резултат е полуфинале на Ју Ес Опен во 2022 и на Австралија Опен во 2023 година.

Хачанов во четвртфиналето ќе се соочи со петтиот носител Тејлор Фриц, на кого Австралијанецот Џордан Томпсон му го предаде дуелот откако Фриц водеше со 1-0 во сетови (6-1,3-0).