Гвардиола: Ако изгубиме бодови против Вест Хем, сè е завршено за нас
Тренерот на Манчестер сити, Жозеп Гвардиола, ги процени изгледите на својот тим за титула пред нивниот натпревар од 30. коло од англиската Премиер лига против Вест Хем.
– Го имаме Вест Хем на патот. Премиер лигата е најтешкото натпреварување. Сè уште сме втори, знаејќи дека ако изгубиме бодови, сè е завршено за нас. Секогаш велев дека во последните 10 натпревари, секој тим се бори за нешто – место за опстанок, место во Лигата на Европа, место во Лигата на конференцијата, место во Лигата на шампионите, шампионатот. Тоа е нормално, секој натпревар е важен. Сега нема да има втора шанса, изјави Гвардиола за „Би-би-си“.
Натпреварот Вест Хем – Манчестер сити ќе се одржи вечер со почеток во 21 часот.
Сити е втор на табелата во Премиер лигата, седум бода зад лидерот Арсенал и натпревар помалку. /МИА