Гувернерот на Калифорнија најави заострување на рестриктивните мерки

 Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом денеска најави можност за заострување на рестриктивните мерки во следните два дена, вклучително и наредба граѓаните да останат во своите домови за да се спречи понатамошно ширење на коронавирусот и притисокот врз здравствениот систем кој е пред колапс.

Њусом истакна дека пресметките за капацитетите во одделите за интензивна нега покажале дека до средината на декември, бројот на пациенти со сериозна клиничка слика може да ги надмине капацитетите во единиците за интензивна нега во државата Калифорнија, доколку не се заострат мерките во борбата против епидемијата.

Повеќе од 30 проценти од сите случаи на Ковид-19 во Калифорнија се пациенти со сериозна клиничка слика на кои им е потребна хоспитализација на интензивна нега и приклучување на респиратори.