Гутереш ги посети нападнатите џамии во Нов Зеланд
Гутереш помина околу 30 минути во џамијата Ал Нур во Крајстчрч, каде што разговараше со муслиманските лидери и преживеаните.
-Знам дека нема зборови со кои може да се намали болката, но сакав да дојдам овде лично и да пренесам љубов, поддршка и восхит, рече Гутереш.
Генералниот секретар потоа положи венец пред втората џамија, каде, исто така, разговараше со преживеаните.