„Гугл“ ја објави листата на телефони кои се на мета на хакери – дали вашиот е меѓу нив?
„Google“ проектот „Project Zero“ ја откри ранливоста на одредени уреди поради кои хакерите без интеракции можат да пробијат во телефонот.
Објавена е листата на потенцијално загрозени телефони и упатство за нивна заштита.
Неодамнешното откритие на истражувачите во проектот „Project Zero“ покажало дека некои телефони имаат сериозни грешки поради кои не е потребна интеракција на корисникот за уредот да биде хакиран.
Името на таа појава е „хакирање без клик“ (no-click hack) и сè што му е потребно на хакерот е телефонски број. „Google“ проектот го започнал за да пронајде недостатоци во Андроид оперативниот систем, „Chrome“ и други апликации.
Во состав на проектот откриена е ранливост во „Exynos“ моделите кои ги произведува „Samsung“. Четири ранливости се сметаат за најсериозни. Тие му дозволуваат на напаѓачот по далечински пат да го загрози телефонот без интеракции на корисникот и потребно е да го знаат само телефонскиот број на жртвата.
Станува збор за следните уреди:
– Телефони од серијата „Samsung“ – S22, M33, M13, M12, A71, A53, A33, A21, A13, A12 и A04;
– Телефони од серијата „Vivo“ – S16, S15, S6, X70, X60 и X30;
– „Google Pixel 6“ и „Pixel 7“;
– Сите преносливи уреди кои користат „Exynos W920“ чипсет;
– Сите возила кои користат „Exynos Auto T5123“ чипсет.
За да се заштитите, на корисниците им се препорачува во нагодувања на уредите да ги исклучат „Wi-Fi calling“ и услугата „VoLTE“ за да се намали ранливоста и да се отстрани ризикот.
Корисниците „Google Pixel“ телефоните мора уредите да се ажурираат на најновата верзија, објавена претходно месецов.