„Гугл“ ги објави украинските воени локации, Киев се чуди – што не е во ред со него?
Гугл ја откри локацијата на украинските воени објекти во своето најново ажурирање на мапите, соопшти официјален Киев.
Москва веќе почна „активно да ги дистрибуира“ чувствителните слики, рече Андриј Коваленко, шеф на одделот за борба против дезинформации на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, во објава на Телеграм.
„Замислете ја ситуацијата. Гугл прикажува ажурирани слики на мапите кои ја покажуваат локацијата на нашите воени системи“, рече Коваленко. „Што не е во ред со овој свет?“- запраша тој реторички.
Google Maps е алатка за навигација и им овозможува на корисниците сателитски снимки, воздушни слики и панорамски улични фотографии. Коваленко не прецизираше кои од воените локации на Украина биле изложени од Google. Тој додаде во последователна објава на Телеграм дека претставници на технолошкиот гигант контактирале со Киев по јавното негодување и рекле дека „работат на исправување на ситуацијата“.
Google ги намали своите активности во Русија по целосната инвазија на Москва на Украина во почетокот на 2022 година, иако неговите услуги, вклучително и Google Maps, остануваат достапни во земјата. Нејзината руска веб-страница, наводно, го прикажува Крим, украинската територија што Москва ја нападна и анектираше во 2014 година, како дел од Русија.