Групацијата Штаермеркише Шпаркасе донираше 110.000 евра за здравството

– Групацијата Штаермеркише Шпаркасе, претставена во нашата држава преку двете локални банки Охридска банка и Шпаркасе Банка Македонија, во знак на поддршка на напорите за надминување на последиците од коронавирусот, заеднички ќе донираат средства за поддршка на различни сегменти од здравствениот систем во вкупен износ од 110.000 евра.
Како што соопшти денеска Охридската банка, својата солидарност ќе ја искажат преку помош на 1.500 социјално загрозени семејства. За потребите на Универзитетската клиника за инфективни и фебрилни болести во Скопје донираа 54.000 евра за набавка на заштитни маски и скафандери, и за одржување и ремонтна постојна медицинска опрема – два мобилни рендгенапарати и набавка на вертикална ламинарна комора.
Во рамките на оваа донација, Групацијата издвои финансиски средства за поддршка на двете општи болници во Куманово и Охрид, и обезбедено е гориво за 32 возила што се на располагање на Итната медицинска помош.
Неделава, како што се наведува во соопштението, почнува испораката на хуманитарни пакети со храна и средства за хигиена за 1.500 загрозени семејства, во соработка со Црвениот крстна град Скопје.
-Солидарно, работејќи заедно ќе го победиме Ковид-19. Во овие тешки моменти, наш приоритет е да останеме здрави, да ги помогнеме и да ги поддржиме нашите сограѓани и институции и да ја одржиме стабилноста и здравоста на банката, истакна Глигор Бишев, , претседател на Управниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија .