Груби: Пет олигарси креирале центар за уривање на ДУИ

Груби смета дека на тие луѓе им пречи моќта на ДУИ, а со тоа и економската и политичката моќ која ја добиваат Албанците во Северна Македонија.
„Им пречи што се гради коридорот 8, проект од 1,5 милијарди евра, им пречи патот на Арбер, им пречи факторизирањето на Албанците во Македонија. На нив им пречи тоа што во земјата владее ДУИ, владее Артан Груби, владее Али Ахмети“, рече Груби.
Според него, целта на оваа група на луѓе е да го сопрат ова владеење и да овмозможат заедничко владеење на двете партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, да се тргнат Албанците на страна, или да најдат некој Албанец кој ќе им направи „ќеф“.