Груби не верува во капацитетите на ДКСК
Првиот вицепремиер Артан Груби не верува на Државната комисија за спречување на корупцијата.
– Па, вo нивниот мандат (од четири, пет години), немаат ни еден случај кој им поминал – рече Груби на интервју во вестите на „Сител“.
Потврди дека тој бил дел од комисијата кога се бирале членовите на овој состав на ДКСК, вршел интервјуа, но тие не го оправдале нивниот избор.
Груби смета дека институцијата ДКСК има добра улога, но дека ќе почека некој друг соства, наредниот на пример, за да покаже некои резултати, оти актуелниот не покажал капацитет.