Груби бил во Жолтата куќа, но како вработен во Хашкиот трибунал
„Не сум повикан воопшто во Хаг“, рече вицепремиерот Груби.
Груби со години работел како преведувач и службеник во седиштето на НАТО во Скопје, потоа во Холандската амбасада во Скопје, а претходно бил преведувач и во Хашкиот трибунал 7 или 8 години. Груби изјави дека како вработен во Хашкиот трибунал од 1999 до 2004 бил во Албанија во градот Бурел заедно со иследникот на Хашкиот трибунал кој истражувал по претходни наводи за какви било злосторства таму по што се утврдило дека нема никаков случај.
„Бев таму во службен капацитет, како дел од Хашкиот трибунал“, вели Груби.
За случајот „Жолта куќа“ досега имаше неколку истраги кои завршија без обвинение. Сега обвинети од Специјалниот суд за Косово со седиште во Хаг се поранешкиот косовски претседател Хашим Тачи и уште двајца поранешни припадници на Ослободителната војска на Косово (УЧК / ОВК) – поранешниот претседател на ДПК, Кадри Весели и шефот на парламентарната група на движењето Самоопределување Реџеп Селими.
Од македонските политичари во Хаг досега како сведок беше повикан само лидерот на ДУИ Али Ахмети.