Грешите ако ја чувате храната во пластични кутии – може да биде штетно по здравјето


По семеен ручек, прослава или веселба, домаќинките имаат навика вишокот храна да го чуваат во обични пластични кутии, како оние за сладолед. И од една страна, тоа е во ред, бидејќи на тој начин не се троши храната и се заштитува животната средина. Меѓутоа, може да се појави уште еден проблем од здравствена природа.

Синдикатите на потрошувачи ширум светот предупредуваат дека е подобро да се избегнуваат вакви пластични садови за еднократна употреба. Тие, како што велат, не се погодни за повторна употреба, но ниту за замрзнување, загревање во микробранова печка, ниту пак за складирање.

Посочуваат дека амбалажата за еднократна употреба е наменета за одредени намирници и за еднократна употреба. Тоа значи дека амбалажата е секако тестирана за специфична употреба, така што законските прописи за исправноста на храната се усогласени во оваа смисла, но за се што е надвор од тоа во принцип постои ризик по здравјето. Тоа е затоа што не се создаваат сите пластики еднакви, додека храната исто така има различни својства кои различно реагираат на употребениот материјал за пакување. Со повторна употреба на кутијата, штетните материи за здравјето може да се одвојат од пластиката и да влезат во телото преку храната. Станува збор за микропластика која неколку пати била пронајдена во човечкото тело. Кутијата за сладолед во овој случај е само пример.

Ако кутијата е наменета за продажба на сладолед без маснотии, тоа не значи дека е погодна за мрсна и топла храна. Исто така, пакувањето за еднократна употреба не е дизајнирано да издржи перење или дури и да се става во машина за садови без оштетување. Не е исклучен ризикот од внесување на микропластика во телото. Микропластиката е насекаде околу нас иако не можеме да ја видиме. Пред само две години, холандски научници за прв пат открија микропластични честички во човечката крв!

Затоа е важно да бидете совесни кога користите различни пластични производи, да избегнувате пластични шишиња и да претпочитате стаклени или рециклирани алуминиумски шишиња. Пластиката е еден од најголемите загадувачи на природата, но и на нашето здравје, па затоа нејзиното рециклирање е од големо значење за заштита на животната средина и луѓето. Во овој случај, пластичните кутии за сладолед, како и слични, секогаш можете да ги рециклирате или редизајнирате и користите за нешто друго, како украсна кутија за складирање на ситници и потреби.