Гренел во посета на Косово, Србија, Грција и Израел

U.S. ambassador to Germany Richard Grenell meets with Isa Mustafa leader of LDK in Kosovo's capital Pristina on Thursday, Jan. 23, 2020. U.S. President Donald Trump's special envoy for talks between Balkan rivals Serbia and Kosovo on Thursday called on Pristina newly-expected government leaders to lift the 100% tariff on Serb goods and services in order to let the dialogue between the two countries to reach a final reconciliation agreement proceed. (AP Photo/Visar Kryeziu)

Државна делегација на САД, предводена од извршниот директор на Американската меѓународна финансиска корпорација за развој (ДФЦ), Адам Белер и Ричард Гренел, ќе ги посети Косово, Србија Грција и Израел од 20 до 25 септември за да промовира економска соработка и развој, објави ДФЦ во Вашингтон.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Белер е придружуван од специјалниот советник на претседателот на САД за Србија и Косово, амбасадорот Ричард Гренел, заменик администраторот на американската Агенција за меѓународен развој (УСАИД) Бони Глк, претседателката на Извозо-увозната банка на САД (EКСИМ) Кимберли Рид и други функционери на САД задолжени за енергетиката и трговијата.

Предвидено е делегацијата да оствари средби со високи владини претставници и лидери на приватниот сектор.

Патувањето е „продолжение на историскиот договор“ меѓу Израел, Велика Британија и Бахреин и „договорот за економска нормализација на Србија и Косово“, се наведува во соопштението.

ДФЦ банката за развој на САД, „ги олеснува инвестициите во приватниот сектор и нуди принципиелно финансирање како алтернатива на авторитарните режими“, се објаснува во текстот.

– ДФЦ тесно соработува со УСАИД, ЕКСИМ и другите американски владини агенции „за да го промовираат развојот и да придонесат за надворешната политика на САД преку своите средства за финансирање“.
Делегацијата „ќе ги зајакне стратешките инвестиции на Балканот и во Израел кои поддржуваат разновидност во набавките и ја зајакнуваат енергетската независност во Грција и поширокиот регион“, се истакнува во текстот.

ДФЦ ќе ги постави темелите за отворање канцеларија во Белград за да го олесни спроведувањето на проектите што ќе го поддржат економскиот раст во регионот, се истакнува во соопштението, во кое се заклучува дека „ДФЦ и ЕКСИМ неодамна потпишаа Писма на интерес (ЛОИ) со Србија и Косово за помош во финансирањето на важни проекти наведени во договорите од 4 септември “.
Како што наведуваат српските медиуми, Гренел доаѓа во Белград во вторник.