Грем Вотсон до Борисов: Стилот на Лукашенко веќе не е во мода
„Ќе го тргнам настрана господинот Бојко Борисов и ќе му шепнам дека стилот на Лукашенко веќе не е во мода“, изјави Грем Вотсон, поранешен претседател на АЛДЕ, во видео поздрав до делегатите на онлајн конференцијата на бугарската партија ДПС.
„Бугарија е земја што може да води со пример во Западен Балкан. Бугарија може да ги доведе другите земји од Западен Балкан до членство во ЕУ, но тоа не го прави поради лошото раководство”, рече Вотсон, алудирајќи на ветото за Македонија.