Грција воведе строги мерки за невакцинираните – порасна интересот, а се плаќаат и казни
Во Грција двојно се зголеми неделниот број вакцинирани против Ковид-19, откако владата одлучи да воведе построги мерки за невакцинираните.
Во првата недела од ноември повеќе од 40.000 луѓе примиле прва доза вакцина против корона вирус, според извештајот што го пременсува „Катимерини“, денеска. Во последната недела од октомври тој број изнесувал 25.000.
Мерки за невакцинираните
Од саботата на невакцинираните граѓани воГгрција допуштено им е да посетат јавни институции само ако имаат негативен тест. Ова се однесува и на посетата на државните тела. Исклучок се само марктите и аптеките. Дополнително, невакцинираните работници мора да покажат два негативни тестови неделно.
Мерките строго се надгледуваат. Владата распредели дополнителни 8.000 полицајци за да може да се спроведуваат и да се контролираат овие мерки.
Според полицијата, околу 85.000 проверки се направени само во саботата.
Полицајците издале стотици казни, а неколку ресторани привремено се затворени. На невакцинираните гости без тест наплаќани им се казни од 300 евра.