Грција подготвува законски пречки за ревизиите на ЕУ
Во грчкиот Парламент во моментов се расправа за нацрт-закон со кој се поставуваат пречки за потенцијални ревизии од страна на европскиот обвинител околу дел од фондовите на ЕУ што се карактеризираат како „доверливи“ активности. Ваквата најава предизвика силни реакции во брисел, при што портпаролот на Европската комисија изјави за Еурактив дека „нема тајни средства“ кои доаѓаат од Фондот за закрепнување и отпорност (RRF).
Нацрт-законот вклучува одредби кои, во пракса, ја поистоветуваат улогата на европскиот јавен обвинител со онаа на Канцеларијата на економското обвинителство во Атина. Како резултат на тоа, се чини дека промените поставуваат пречки во истрагата за случаите кои вклучуваат средства кои се карактеризираат како „доверливи“. Оваа иницијатива доаѓа во време кога владините трошоци класифицирани како „тајни“ вртоглаво пораснаа во Грција во последните три години. Во 2021 година износот на „доверливи трошоци“ бил буџетиран на 54,2 милиони евра, но на крајот, потрошена е речиси двојно поголема сума, околу 97,5 милиони евра. Од нив речиси четвртина потрошиле тајните служби.
Контактиран од Еурактов, портпаролот на Европската комисија рече дека „нема тајни фондови во рамките на RRF“.
„Ова е инструмент заснован на перформанси. Како таков, плаќањата се вршат на земјите-членки по успешно исполнување на договорените цели кои ги претставуваат достигнувањата на земјите-членки во спроведувањето на реформите и инвестициите во нивните планови“.
На прашањето дали Европската комисија би можела да финансира јавно тело или агенција што не ги објавува договорите што ги потпишува, портпаролот на ЕУ одговори дека земјите-членки треба да одлучат за нивото на информации што треба да се споделат со јавноста надвор од она што Комисијата објавува на веб-страницата на RRF.
„Комисијата не е вклучена во националните процедури и практичното спроведување на мерките поврзани со RRF во земјите-членки“, рече портпаролот на ЕУ, додавајќи дека овие договори треба секогаш да бидат достапни.
„ Зземјите-членки мора да задржат и да обезбедат пристап до документите за ревизорски и контролни цели“, додаде портпаролот на ЕУ.
Министерот за правда Константинос Цијарас рече дека разговарал за ова прашање со главната обвинителка на ЕУ, Лаура Ковеси и ја оставил вратата отворена за амандмани во следните денови.