Грција ќе пушти брз воз од Солун до Атина


Грција ќе пушти нов брз воз меѓу Атина и Солун со кој растојанието меѓу двата града ќе се минува за три часа. Брзиот воз ќе го направи своето прво патување на националниот празник на Грција. Цената на билетот сè уште останува мистерија.

Грчката железничка компанија „Трансосе“ започна со тестирање на најбрзиот воз во земјата, наречен „Бела стрела“. Максималната брзина на возилото е 200 километри на час и со него ќе се превезуваат патници во правец Атина – Солун за 3 часа и 15 минути. Досега истата релација се поминуваше за четири ипол до пет часа.

Вкупната цена на купените композиции е 53 милиони евра, а производител е италијанска транспортна компанија.