Грција, Италија, Франција имаат најголем јавен долг во еврозоната…
На крајот на четвртиот квартал од 2023 година, јавниот долг на земјите од еврозоната падна од 89,9 отсто во претходниот квартал на 88,6 отсто, објави Евростат.
Во Европската унија, јавниот долг на крајот на четвртиот квартал од 2023 година изнесува 81,7% од БДП, што претставува намалување од 0,7 процентни поени во однос на претходниот квартал.
Во однос на четвртиот квартал од 2022 година, јавниот долг на еврозоната е намален за 2,2%, а јавниот долг на Европската унија за 1,7%.
Најголем дел од јавниот долг во четвртиот квартал од 2023 година имаа обврзниците, поточно 83,4% во еврозоната и 82,9% во Европската унија.
Најзадолжена земја на Европската унија на крајот од четвртиот квартал на ЕУ е Грција со долг од 161,9% од БДП, потоа Италија со долг од 137,3% од БДП, како и Франција со долг од 110,6 % од БДП.
За разлика од нив, најмалку задолжена земја од еврозоната е Естонија со долг од 19,6 отсто од БДП, Бугарија со долг од 23,1 отсто од БДП и Луксембург со 25,7 отсто од БДП.
Падна и буџетскиот дефицит на еврозоната, од 3,7 отсто од БДП во 2022 година на 3,6 отсто од БДП во 2023 година, објави Евростат.
Сепак, буџетскиот дефицит на целата Европска унија се зголеми од 3,4% во 2022 година на 3,5% од БДП во 2023 година.
Во 2023 година само четири земји од еврозоната забележаа буџетски суфицит и тоа Кипар и Данска со суфицит од по 3,1% од БДП, Ирска 1,7% од БДП, Португалија 1,2% од БДП.
Во другите земји-членки, буџетски дефицит е забележан во 2023 година, а тој е најголем во Италија и изнесува 7,4 отсто од БДП, се наведува на веб-страницата на Евростат.
Значителен буџетски дефицит од 6,7% од БДП е забележан во Унгарија, како и во Романија од 6,6% од БДП, додека единаесет земји од еврозоната имале дефицити поголеми од 3% од БДП.