Градските автобуси 3, 3А, 3Б и 23 низ Ново Лисиче од денеска сообраќаат по редовната траса

Од денеска автобусите од јавниот превоз на линиите 3, 3А, 3Б и 23 низ Ново Лисиче сообраќаат по редовната траса, соопшти ЈСП.

Во изминативе осум месеци, како што наведуваат од претпријатието, поради градежни работи во посочениот реон, возилата возеа по изменета траса, односно беа пренасочени по булевар „Србија“.