Градот Скопје ќе плати 39.500 евра за летот на ракометарите на Вардар


По повод историскиот успех на градскиот ракометен клуб Вардар скопскиот градоначалник Петре Шилегов побара од советниците на РК Вардар, Град Скопје да му даде награда во износ од шест милиони денари.

-Од синоќа сум во контакт со управата на Ракометниот клуб, успеавме да обезбедиме чартер лет за клубот. Износот е 39.500 евра на авионот. Ќе полета во 14:30 часот, а во Скопје ќе слета 18:50 часот. Го координиравме авионот за да бидат завршени сите безбедносни мерки поради  Самитот на НАТО за да може скопјани слободно да присуствуваат на оваа свеченост, рече Шилегов на почетокот на денешната седница на Советот на Град Скопје.

Тој побара Советот на Град Скопје да донесе одлука за подмирување на трошоците за чартер летот, како и сума во износ од околу два милиони денари за организација на настанот, односно за пречекот на ракометарите.

-Вкупната сума ќе ја ставиме во посебна одлука и барам ова да го внесеме како точка на дневниот ред, рече Шиелгов.

Додаде дека момците се чувствуваат добро и оти се многу весели.

Според Шилегов, ова е еден историски успех и ги повика скопјани достоинствено да ги пречекаме ракометарите.