Град од Сицилија повторно продава куќи за неколку евра

Сицилијанскиот град Самбука ди Сицилија, по многу успешната продажба во 2019 и 2021 година, подготвува и нова аукција на градски недвижен имот.
Италијанските градови со години полека исчезнуваат и сега почнаа да нудат различни поволности за да привлечат нови жители, на пример, продавање куќа за евро.
И додека некои градови се борат да привлечат купувачи, некои едноставно имаат повеќе купувачи од имотите што се нудат на продажба.
Сицилијанскиот град Самбука ди Сицилија, по многу успешните продажби во 2019 и 2021 година, подготвува и нова аукција на градски недвижен имот, при што почетната цена по дом сега е три евра.
„Странците буквално се собираат во градот за да купат дом“, рече новоизбраниот градоначалник Џузепе Касиопо. Покрај тоа, градоначалникот исто така ги охрабрува потенцијалните купувачи да ја посетат областа и да ги проверат 12-те или повеќе домови кои сега ќе бидат на продажба.
Моментот е совршен бидејќи моментално има многу туристи и заинтересирани купувачи во Италија, а оние кои имаат намера да ја посетат земјата во пролет и лето можат да погледнат и недвижнини.
Касиопо, исто така, наведува дека имотите што сега се достапни се „статички и структурно стабилни“, но бараат реновирање.
Малиот град Самбука стана меѓународно познат во 2019 година кога „Си-Ен-Ен“ објави извештај за продажба на 16 имоти по почетна цена од едно евро. Две години подоцна, градот стави на аукција нови имоти, овој пат по почетна цена од две евра по имот.
Првата продажба привлече меѓународни купувачи и околу 20 милиони евра се слеаа во градот и околината (приходи од пансиони, нови продавници, промет од договори со градежници, архитекти, инженери, дизајнери на ентериер и нотари).
Она што исто така во голема мера ја олесни продажбата на градските недвижности е фактот дека градот е сопственик на куќите што се продаваат, додека во другите раселени италијански градови, на пример средновековното село Патрика, ваквите аукции се многу сложени бидејќи градот не успева да да ги најде сите законски наследници и да ги реши имотно-правните односи.
Градската власт на Самбука ја презеде сопственоста на напуштените градски куќи по земјотресот во блиската долина Белица во 1969 година, кој расели многу жители.
For our journey among 𝐭𝐡𝐞 𝐦𝐨𝐬𝐭 𝐛𝐞𝐚𝐮𝐭𝐢𝐟𝐮𝐥 𝐯𝐢𝐥𝐥𝐚𝐠𝐞𝐬 𝐢𝐧 𝐈𝐭𝐚𝐥𝐲 𝐚𝐧𝐝 𝐒𝐢𝐜𝐢𝐥𝐲, we head for Sambuca di Sicilia, a jewel of the Agrigento area!
For more info on this beautiful destination visithttps://t.co/fUuPP1HV0K
📷Barone#visitsicilyinfo pic.twitter.com/pd6kvjvLa0— Visit Sicily (@VisitSicilyOP) March 5, 2024
Повеќето од куќите имаат и балкони со ограда и поглед на поплочени улички и панорамски тераси, како и оригинални, зелено обоени дрвени врати со украсени сводови и прозорци.
Сепак, огромното мнозинство од нив се полни со заборавени работи и купишта правлив и скршен мебел и бараат опсежно реновирање. Во зависност од состојбата, реновирањето обично чини меѓу почетните 30.000 евра за едноставна адаптација и до 200.000 евра доколку купувачот сака да ја претвори куќата во луксузна оаза за одмор.
Italia es famosa por sus casas de 1 euro. Así que, ¿Por qué se produce un aumento del precio? En 2019, el municipio de Sambuca di Sicilia, en Italia, se hizo viral por vender casas por tan solo 1 euro. https://t.co/JxakkwXa7c pic.twitter.com/pwARbNIxY5
— euronews español (@euronewses) June 19, 2024
Доколку сте заинтересирани за имот во Самбука, знајте дека од вас се очекува депозит од 5.000 евра, кој доколку не успеете да го купите имотот ќе ви биде вратен. Секако, доколку вашата понуда е најдарежлива, 5.000 евра стануваат осигурување на депозитот.
Финтата е што со купувањето купувачот се обврзува да го реновира имотот во рок од три години, во спротивно осигурувањето на депозитот станува сопственост на градот. Но, градската власт беше многу отворена за договорените рокови поради претходната пандемија на коронавирус и дозволи повеќе време за реновирање, пренесува „б92“.