Градоначалникот на Москва: Нема втор бран, од 6.500 бројот на новозаразени падна на 650 дневно

Во Москва нема да има втор бран на пандемија од корона вирус, а бројот на потврдени инфекции на дневно ниво пада од 6.500 на 650, рече градоначалникот Сергеј Собјанин.
– Втор бран е кога луѓето се во опасност од заразата по втор пат. Ни ние ни светот тоа нема да го доживееме – изјави Собјанин на телевизијата „Русија-1“.
Истакна дека причината за порастот на бројот нови случаи во некои региони е тоа што тие не го совладале успешно првиот бран.
Според него, градовите како Лондон, Париз, Њујорк и москва веќе ја поминале таа прва фаза.
Собјанин потсети дека во првиот бран во Москва дневно имало околу 6.500 новозаболени, а дека денес ситуацијата е потполно поинаква.
Москва на 29 март воведе посебни мерки за сузбивање на пандемијата. Сите продавници, освен оние со храна, биле затворени. Исто така затворени беа и театрите, кафулињата, фитнес центрите, козметичките салони и парковите.
Забранети беа сите забавни настани, а на населението им е советувано да се самоизолираат.
Рестрикциите полека почнаа да попуштаат во средината на мај.
Мерките на рестрикции се потполно укинати на 9 јуни, но мерките на претпазливост се и понатаму на слиа, како носење маска и ракавици на јавни места и почитување на растојание, потсетува ТАС.