Градежни работници при работа на плац во село Раштак исекле кабел на ЕВН при што предизвикале пожар
Градежни работници на градежна фирма при работа на плац во село Раштак исекле кабел на ЕВН при што од искрите предизвикале пожар. За среќа пожарот бил изгаснат.
„Вчера во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во с.Раштак, скопско. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека неколку лица градежни работници, кои биле ангажирани преку градежна фирма да работат на еден плац, исекле кабел за електрична енергија и од искрите настанал пожар при што биле опожарени сува трева, нискостеблеста шума и една бандера на ЕВН, која паднала и предизвикала пожар во дворовите од викенд куќите на Б.П.(69) и И.А.(56), двајцата од Скопје.
Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид бил извршен“, се вели во билтенот на МВР.