„Градации“: Камерна изложба на Билјана Билбилоска


????????????????????????????????????????????????????????

На 31 мај 2025 година, во фоајето на Зелениот покрив во ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ Скопје, беше отворена камерна изложба на Билјана Билбилоска, со наслов „Градации“. Куратор на изложбата е Виолета Калиќ, историчар на уметност.
Авторката се претстави со експериментални графики, работени изминативе години.
Фокусот на овој циклус е на градацијата на линијата, како и варијабилноста на нејзината вредност. Декоративните ситуации се протегаат во рамките на нивните умерени граници и остануваат на ниво на орнаментација. Црната боја е мека и патинирана.
Цртежот е слободен и неоптоварен, а во исто време е анатомија и скелет на графиката, како и носечки столб на композицијата. Графиката ги претставува основните комуникации и интеракциите на просторот со линијата.

????????????????????????????????????????????????????????

Базичниот црно-бел тоналитет во делата се комбинира и вмрежува во секојдневието на ахроматскиот сликовен свет до своите максимални изразни можности.

Билјана Билбилоска дипломирала и магистрирала на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Реализирала 13 самостојни изложби во земјава и надвор од неа, а зад себе има 50 групни претставувања. Остварила студиски престој во Париз во Cite Internationale Des Arts, како и резиденцијален престој во Монферато, Италија.