Град Скопје најави блокирање на сметките на должниците за 2018 година


Град Скопје ги информира граѓаните дека во согласност со одредбите од Законот за даноците на имот за присилна наплата, ja почнa постапката за присилна наплата на неплатените обврски по основ на годишниот данок на имот и комунална такса за фирмарина за 2018 годинa.

По доставување опомени, како што се наведува во соопштението, следуваше изготвување решенија за присилна наплата и нивно доставување до сите правни и физички лица кои вршат дејност на територијата на Град Скопје. Доколку по ваквите решенија обврзниците не постапат заклучно со 15 ноември 2019 година, Град Скопје ќе почне со доставување решенија за блокада на нивните сметки по банки.

Градските власти им укажуваат на сите даночни и таксени обврзници кои имаат заостанати и неплатени долгови да ги подмират.