Град Скопје: На 20 и 21 јуни ќе се прска против комарци
На 20 јуни (недела) и 21 јуни (понеделник), во раните утрински часови, на подрачјето на градот Скопје ќе се изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци, информираат градските власти.
„Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се врши во истиот термин, првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови“, информираат од Град Скопје.
Воедно, тие информираат дека терестричната дезинсекција, односно прскањето против комарци од земја, на подрачјето на градот Скопје ќе се одвива од 21 јуни (понеделник) до 25 јуни (петок), во периодот од 22 до 03 часот наредниот ден.
„Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите“, се вели во соопштението на Град Скопје.