ЈСП продолжува со нормалното функционирање, автобусите се вратија
Трансферот на пари е направен. Платата ќе биде поделена утре. Автобусите почнуваат да собраќаат, објавија од Град Скопје

ЈСП продолжува со нормалното функционирање, откако градот Скопје изнајде решение за вештачки предизвиканата криза во претпријатието, соопштија од Град Скопје.
Постигнат е договор за платите на вработените во Јавното сообраќајно претпријатие и автобусите на ЈСП веќе ќе почнат да сообраќаат, потврди и претседателот на синдикатот на ЈСП Миќо Стојановски.
„Трансферот на пари е направен. Платата ќе биде поделена утре. Автобусите почнуваат да собраќаат“, изјави Стојановски.
„Повикуваме, менаџментот на претпријатието во ликот на Управниот одбор на истото веднаш да поднесе неотповиклива оставка од функцијата поради несоодветно менаџирање со претпријатието, поттикнување и предизвикување на хаос. Платите за ЈСП се обезбедени. Во меѓувреме остануваме на барањето, Владата и општините во најкус можен рок да ги исплатат насобраните милионски долгови“, порачуваат од таму.