Град Скопје ги упати аеродромци за семафори кај „Љубен Лапе“ да се обратат до СВР Скопје
Јавното претпријатие „Улици и патишта“ Скопје на ул.Васко Карангелевски во изминатиот период има имплементирано повеќе мерки за зголемување на безбедноста во сообраќајот, како воведување зона на школо, вибро ленти и други мерки кои значително допринесуваат за намалување на брзината на возилата.
Проектот за воведување на нови семафори на крстосницата помеѓу ул. „Васко Карангелевски“ и ул. „А. Димовски“, е поодамна согласно ЗБСП е доставен до МВР Секторот за внатрешни работи Скопје веќе четири пати за добивање на потребна согласност за негова имплементација, барање кое од надлежните не се прифаќа.
Конкретно до Секторот за внатрешни работи ОСП за светлосни сигнали семафори на истата локација, е доставен проект четири пати, но за истиот СВР скопје се изјаснува негативно односно не дава согласност за поставување, при што од таа причина не може да биде имплементирано на терен.
„Апелираме до В.Д градоначалникот на Аеродром да не тера политика и да си ги научи надлежностите, а за поставување семафоризација на ул. „Васко Карангелески“ го упатуваме да ургира во СВР Скопје кој е под надлежност на Министерот за внатрешни работи од неговата партија ВМРО-ДПМНЕ за конечно да се издаде потребната согласност од нивна страна“, додаваат од Градот.
Инаку, утрово родители, поддржани и од директорката на училиштето и од градоначалникот на Аеродром, излегоа на мирен протест да побараат да се зголеми безбедноста за поминување на крстосницата во близина на училиштето.