Град Скопје до Славески: Заклучок гласан без кворум не може да се смета за донесен
Стручните служби на администрацијата на Град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска со допис до претседателот на Советот Трајко Славески, го информираат дека „заклучок гласан без кворум, со присуство на само 19 советници во салата на Советот, не може да се смета за донесен“ и, како што велат „нема да учествуваат во изготвување на незаконски акти кои се спротивни на позитивните законски прописи“.
За ваквото, како што се посочува во дописот „незаконско постапување и заканите по стручните служби“ ќе бидат известени соодветните надлежни органи и пошироката јавност.