Грабеж во банка во Загреб, повреден работник од обезбедувањето
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2019/07/banka-zagreb.png)
Во Загреб денеска е ограбена филијала на Привредна банка Загреб. При грабежот имало пукање и повреден е еден работник од обезбедувањето.
Двајца крадци го извршиле грабежот со закана од огнено оружје.
Како што пренесуваат локалните медиуми, кон нив пукал полицаец кој бил во цивилка.
Едниот од крадците е уапсен, а другиот е во бегство и за него има потерница.