Голем дефект ги остави без вода болницата „Св. Наум Охридски“ и ГТЦ

Голем дефект на водоводната мрежа на улицата „Филип Втори“, пред хотелот „Холидеј ин“, утрово остави дел од центарот на градот без вода.
Од 9 часот, без водоснабдување се Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, Градскиот трговски центар, како и објектите на потегот од Собранието до хотелот „Холидеј ин“, вклучувајќи ги и улиците Кеј „13 Ноември“, „Мирче Мацан“ и „Мирче Ацев“.
Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека нивните екипи се на терен и работат на отстранување на дефектот, но се уште нема точна проценка колку долго ќе траат поправките, ниту кога потрошувачите повторно ќе добијат вода.
Од јавното претпријатие апелираат до граѓаните да бидат трпеливи и да ја следат нивната официјална комуникација, каде ќе бидат објавени сите нови информации поврзани со нормализацијата на водоснабдувањето.