Голфер му го одгриза носот на друг играч, носот не е најден


Марк Велс

 

Играч на голф во САД обвиент е дека при кавга му одгризал нос на друг натпреварувач на паркиралиште пред казино. Осомничениот Марк Велс (51) од американската сојузна држава Мисисипи најпрво побегнал од местото на злосторството, но подоцна се предал на полицијата.

Полицајците кои реагирале на дојавата за нападот во градското казино „Холивуд“ на паркингот нашле осакатен човек. Се обиделе да го најдат неговиот нос, но не успеале. Жртвата е превезена во болница.

Со истрагата се покажало дека осомничениот му го одгризал носот

„Со истрагата утврдено е дека осомниченикот, Марк Кертис Велс, на жртвата ѝ го одгризал носот“, вели шефот на полицијата Тоби Шварц, пишува Скај њус.

Полицијата во текот на истрагата дознала дека Велс и жртвата се скарале во текот на денот поради партија голф која ја одиграле нешто порано. На Велс му се заканува казна до седум години затвор ако биде прогласен за виновен по обвинението за „злосторство со предумисла сторено со намера за убиство во која осомниченикот осакатува, изобличува, онеспособува или уништува нечиј јазик, око, нос илид руг дел од телото3.