Големи промени во ФФМ: Нова репрезентација и нов шеф на судиите

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе неколку клучни одлуки кои носат значајни промени во структурата на македонскиот фудбал.
Најважните одлуки се формирањето на нова репрезентативна селекција до 20 години, за чиј селектор е именуван Александар Таневски, досегашниот тренер на Беса. Покрај тоа, направена е и голема промена во судиската организација – за нов претседател на Судискиот одбор е назначен поранешниот меѓународен судија, Емил Божиновски, кој доаѓа на местото на Александар Ставрев.
Покрај овие одлуки, Управниот одбор усвои и нови пропозиции и измени во правилниците за натпреварување за претстојната сезона 2025/26.