Голем пожар во Австралија: Изгореа повеќе куќи, едно лице е во болница


 

Најмалку четири изгореа во пожарите кои ги зафатија градовите Бриџтаун и Денмарк во австралиската сојузна држава Западна Азстралија, а тамошниот противпожарен шеф, пожарот го припишува на климатските промени.

Министерот за итни служби Стивен Досон, потврди дека уништени се куќи, но додаде дека размерите на штетата нема да бидат познати се додкеа не доде до официјална процена.

Пожарот е локализиран, но опасноста и понатаму демне.

Едно лице заврши во болница

„И понатаму имаме активни пожари и ги молиме луѓето за трпение. Ова е едно тешко време за сите погодени од пожарот“, рече тој.

Пожарите кои и понатаму се надвор од контрола се на подраќје поголемо од 5.000 хектари. ДОсон рече дека 210 пожарникари се борат со огнот.

Еден грашанин е пренесен во болница откако го угасил пожарот на својот имот.
Пожарите се многу предизвикувачки, а надлежните сметаат дека се резултат на климатските промени.