(Видео) Голем пожар и експлозија во Србија
Ноќеска околу еден часот избил голем пожар во Темерин, Србија, а половина час подоцна дошло и до големаексплозија, јавуваат српските медиуми.
Според првите информации, нема повредени. Се работи за магацин со лесно запалливи експлозивни материјали, наведува „Телеграф“.
Големата експлозија ги вознемирила станарите на околните куќи, кои се наоѓаат на 50-тина метри од магацинот, а покрај него се наоѓа и мегамаркет.
Според локалните медиуми, пожарот почнал од помошен објект на крајот на дворот и се проширил на соседната фирма, односно магацинот, пошува „Нова.рс“.
Огнената стихија ја забележале соседите и ги алармирале надлежните слуѓби. Поради лесно запаллив материјал пожарот се ширел со голема брзина и видно е оштетен и објектот на супермаркетот во улицата „Нардоен фронт“.
По два часот по полноч, пожарот е ставен под контрола. Причината за пожарот ќе ја утврди истрагата.
View this post on Instagram