(Фото+видео) Голем пожар над Батинци, ќе се гаси и со „ер трактори“ – намерно е запален


Пред малку изби холем пожар на отворен простор над скопското с. Батинци, зафати трева, грмушки и мешана шума, порафи ветрот се шири со голема брзина, соопшти директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов..

Скопската БППЗ работи на гаснење, набргу ќе пристигнат и два пинцгауери на ДЗС како и хеликоптерот на МВР а нешто подоцна ќе полетаат и два ер трактори на ДЗС.

На лице место е и директорот на ЦУК Мухамед Али.

Според првичните информации се работи за намерно подметнат пожар.