Годишната инфлација во март скокна на 4,9 отсто


Фото: Б Грданоски

 

Tрошоците на животот, преку кои се искажува инфлацијата  кај нас, во март 2026 година, во однос на март лани, бележат зголемување од 4,9 отсто, а цените на мало од 3,4 отсто, соопшти денеска Државниот завод за статистика.

Инфлацијата во март годинава во однос на претходниот месец е 0,7 отсто. Цените на мало, пак, во март 2026 година во споредба со февруарина се зголемени за 0,9 отсто. 

Во март 2026 година, во однос на февруари 2026 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Транспорт за 3,4 отсто, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 3,2 отсто, Покуќнина, опрема за домаќинствата и редовно одржување на домаќинствата за 0,6 отсто, Рекреација, спорт и култура за 0,5 отсто, Услуги за образование, Лична нега, социјална заштита и разновидни стоки и услуги, Храна и безалкохолни пијалаци за 0,4 отсто, Облека и обувки за 0,3 отсто, Домување, вода, електрична енергија, гас и други горива, Информации и комуникации за 0,2 отсто, Здравствена заштита, Ресторани и услуги за сместување за 0,1 отсто.

Трошоците на животот во групата Осигурување и финансиски услуги, останале на исто ниво како и во претходниот месец.