Годините се само бројка за нив. „Ролингстоунси“ на американска турнеја по 6 децении настапи
„Ролингстоунси“ покажаа дека не размислуваат за запирање или успорување откако во Хјустон ја почнаа новата турнеја.
„Нивното ниво на енергија е секогаш високо. Возраста воопшто не доаѓа до израз“, кажа Дејл Скјерсет, продукцискиот директор на групата.
„Стоунс“ тргнаа на нова турнеја откако лани го објавија албумот „Hackney Diamonds“, нивни прв со нова музика од 2005 година. На турнејата што ќе трае до 17 јули бендот ќе посети 16 градови во САД и Канада.


