Годините ништо не му можат, на 90. години повторно татко
Поранешниот сопственик на Формула 1, Берни Еклстон, ќе стане татко на 90-годишна возраст, и ќе биде негово четврто дете.
Милијардерот во јули очекува дете со сопругата Фабијан Флоси, кој има 45 години.
Еклстон поради пандемијата од корона вирусот се наоѓа на неговата фарма во близина на Сао Паоло, Бразил.
Тој има три ќерки и пет внуци, полни 90 години во октомври, пренесува Дејли Меил.
Неговата најстара ќерка, Дебора, која е во брак со Ајви Бамфорд, има 65 години, додека од бракот со Славица Радиќ ги има Тамара (35) и Петра (31).
Богатството на Еклстон се проценува на 3,2 милијарди долари.