Главниот пропагандист на Кремљ бара егзекуција за воените команданти заради поразот


Главниот пропагандист на Кремљ, Володомир Соловиев, повика на егзекуција на руските команданти кои дозволиле контраофанзива на вооружените сили на Украина во регионот Харков.

„Јас не оправдувам никого, уште повеќе не се расправам со фактот дека многу началници во еполети (јазикот не ми дава да ги наречам команданти) се достојни за отпуштање со обесчестување, па и да одговараат за кривичното дело дури и со егзекуција , а можам дури и да наведам неколку презимиња на оние што одлучуваат…“, напиша пропагандистот.

Да бидат работите уште полоши од Киев почнаа да ги зголемуваат очекувањата од војната. Секретарот на Советот за национална безбедност на Украина изјави:

„Работите се сменија. Веќе нема да бидеме задоволни само со враќање на Крим и Донбас, ниту со репарации за инвазијата. Во заедништво со нашите сојузници, сакаме целосна капитулација и демилитаризација на Русија“.