Гламурозен црвен килим на 31.Сараево филм фестивал, прошета и една македонска актерка


31-то издание на Сараево филм фестивал, кој се одржа од 15 до 22 август, синоќа беше затворен со церемонија на доделување награди во Народниот театар. Последните светла на фестивалот светнаа пред публиката и филмските професионалци, а гала атмосферата ќе го достигне својот врв на шармантна локација надвор од централните улици, на плажата Шуњ.

Бројни познати лица од филмскиот свет блеснаа на црвениот тепих, а дамите во свечени фустани го украдоа вниманието, меѓу нив и една млада македонска актерка.

Актерката од БиХ, Мона Муратовиќ
Џејла Главовиќ-Очуз, манекнка и бивша мис на БиХ
Ана Стојановска
Хрватската актерка Леона Парамински која живее и работи во САД
Хелена Вуковиќ
Маја Грахолски

Ветре, разговарај со мене беше прогласен за најдобар филм

Овогодинешното издание на фестивалот вклучуваше вкупно 250 филмски дела од целиот свет, со посебен фокус на регионалните премиери. Српскиот филм Ветре, разговарај со мене, во режија на Стефан Ѓорѓевиќ, беше прогласен за најдобар филм.

Наградата „Срце на Сараево“ за најдобар режисер ја освои Ивана Младеновиќ за филмот „Сорела ди Клаузура“. Жирито го прогласи Емануел Парва за најдобар актер, а „Срце на Сараево“ му припадна на српскиот актер Андрија Кузмановиќ за неговата улога во филмот „Југо Флорида“.

Познати имиња на овогодинешното издание

Меѓу познатите имиња што се појавија на Сараевскиот филмски фестивал оваа година се режисерите Паоло Сорентино, Мишел Франко и Иља Хржановски, како и актерските легенди Реј Винстон, Стелан Скарсгард и Вилем Дефо кои го добија Почесното срце на Сараево.