„Ѓурологија“ во Филхармонија на 17 март – ова ќе биде ,,шио ми га Ѓуро” шоу


Без конкуренција најпосетениот стенд – ап комичар на Балканот на сите времиња, по повод 10 години од почетокот на стенд – апот ЃУРОЛОГИЈА, Бранко Ѓуриќ – Ѓура доаѓа во Скопје на 17 март во Македонска филхармонија со шоу кое се разликува од сите досегашни…., објави !Авалон“.
„Ова нема да биде ЃУРОЛОГИЈА. Ова ќе биде ,,шио ми га Ѓуро” шоу. SPECIAL EDITION – 10 YEAR ANNIVERSARY. Само за 16+., се вели во соопштението.
Влезниците, по цена од 1.000 денари, како и лимитиран број на ВИП влезници по цена од 1.500 денари. Ќе бидат во продажба почнувајќи од среда (12 февруари) во 10 часот наутро, онлајн на karti.com.mk и во продажната мрежа на karti.com.mk низ Македонија.