Ѓукановиќ почнува консултации за мандатар на нова црногорска Влада
Црногорскиот претседател, Мило Ѓукановиќ, денеска ќе ги почне консултациите со претставниците на парламентарните партии за мандатарот за состав на новата влада.
Како што соопштија од Службата за информирање на претседателот, Ѓукановиќ денеска ќе разговара со претставници на Демократската партија на социјалистите, Демократскиот фронт и Демократска Црна Гора.
На малцинската влада на Дритан Абазовиќ на 19 август црногорскиот Парламент и изгласа недоверба.